Сцена

Елтон Џон ја објави најавата за долгоочекуваниот дует со Бритни Спирс

Елтон Џон го најави својот долгоочекуван дует со Бритни Спирс и ги воодушеви обожавателите.

Имено, песната „Tiny Dancer“ е преработка на неговиот хит од 1971 година. Со овој дует Бритни се враќа на сцената по седумгодишна пауза.

„Ова беше негова идеја, а Бритни го обожува Елтон. Тие ја снимија обработката на легендарниот сингл ‘Tiny Dancer’ и навистина звучи неверојатно. Работеа со продуцентот Ендру Ват“, рекол претходно неименуван извор.

Песната ќе биде објавена на 26 август. Бритни на својот инстаграм-профил објави, не криејќи го воодушевувањето, дека добила можност да соработува со легендарниот музичар.

„Благодарам на сите кои ми испратија зборови за поддршка. Тоа навистина ми значи. Едвај чекам сите да ја слушнете песната на која работевме заедно“, напиша таа.

Слични написи

Кејт Винслет денес го прославува својот четириесет и трети роденден

admin

Marvel реши да прикаже едноминутен исечок од најновото продолжение на Avengers

Biba

Натали Портман топлес во реклама на Диор

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.