Технологија

Електричните автомобили би ја намалиле емисијата на јаглерод диоксид за само 0,4 %

 

Сообраќајот е еден од најголемите произведувачи на јаглерод диоксид, а електричните автомобили не можат да бидат единствените борци за намалување на таа емисија.

Според некои истражувања, доколку сите автомобили во Европа веднаш се “конвертираат” во електрични, емисијата на штетните гасови на јаглерод диоксид би се намалила само за 0,4 %. На европските патишта има 300 милиони автомобили од кои сам 800 000 се потполно електрични, но тој број секојдневно се зголемува.

Меѓутоа, говорејќи на самитот Financial Times Future of the Car, претседателот на Европското здружение на автомобилски набавувачи Роберто Вавасори, изјави дека електричните автомобили нема да имаат толку значаен ефект во намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид како што се мисли.

“Европа е одговорна за 10 % од емисијата на јаглерод диоксид, додека Кина и САД имаат дури 66 %. Се знае дека 7 % од емисијата е од лесни возила, и доколку се претворат во електрични, лесните возила минимално ќе ја намалат емисијата на штетниот гас”, вели Вавасори.

Сообраќајот, создавањето на електрична енергија и индустријата, се трите најголеми создавачи на јаглерод диоксид на планетата.

 

Слични написи

Дубаи со технолошки новитети од научно-фантастичните филмови

admin

Русите го пратија Федор во вселената

Biba

Хрватската игра SCUM со нарачки кои достигнаа 7 милиони долари

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.