Автомобилизам

Електричниот ID. R на Фолксваген се подготвува за рушење на рекордот на Nurburgring Nordschleife

 

По минатогодишното најдобро време на познатата ридско-брзинска патека Пајкс Пик, во Фолксваген интензивно се подготвуваат за новиот предизвик во кој главна улога ќе има електричниот прототип ID. R, чие прилагодено издание ќе се впушти во авантурата наречена рекордно време на круг на патеката во Nurburgring Nordschleife.

По тестирањата направени на симулатор и на патека, со електричниот брзинец на Фолксваген ќе управува четирикратниот победник на патеката Ле Ман, Ромејн Дума, а негова цел е да го сруши актуелното време на поминат круг од 6:45.90, кое е постигнато во 2017 година од кинескиот електричен автомобил NIO EP9 со кој управуваше Питер Дамбрек.

Со аеродинамиката на каросеријата која е оптимално прилагодена за патеката на Nurburgring Nordschleife, од Volkswagen Motorsport изјавуваат дека ID. R ќе има просечна брзина поголема од 180 километри на час, а на најбрзите делови од патеката брзината ќе достигне и до 270 километри на час.

 

 

Слични написи

Концептот “Smart Forease”

admin

Porsche Panamera GTS

admin

Brabus ја претстави својата прва креација на новата S класа на Mercedes

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.