Гастрономија

Експресна пица во микробранова печка

 

Потребни состојки:

4 лажици брашно

1/8 лажичка прашок за печиво

1/16 лажичка сода бикарбона

1/8 лажичка сол

3 лажици млеко

1 лажица маслиново масло

1 лажица доматно пире или маринара сос

1 полна лажица рендан кашкавал

5-6 парчиња исечкана шунка или неколку тркалца колбас

1/2 лажичка оригано или босилек

Состојките се доволни за 1 лице.

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад за едно сервирање измешајте ги брашното, солта, содата и прашокот за печиво.
  2. Додајте ги млекото и маслото и измешајте со лажица да добиете тесто.
  3. Врз тестото намачкајте го маринара сосот и врз него ставете го прво кашкавалот, па наредете ги тркалцата колбас и најодозгора додајте го ориганото.
  4. Садот ставете го во микробранова печка и зависно од нејзината јачина, печете ја пицата 1-2 минути (за 1200 W) или додека тестото да се подигне, а кашкавалот да се стопи и да почне да се запекува.
  5. Пицата послужете ја веднаш, додека е топла.

На здравје!

 

 

Слични написи

Крем од лимон и капини

Biba

Модри патлиџани полнети со сирење

admin

Домашен леб што не се меси

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.