Патуваме

Егзотичниот остров Nusa Penida, Бали

Nusa Penida е остров кој се наоѓа југоисточно од островот Бали. Ова е ридесто островче со надморска височина од 524 метри. Во негова близина се островите Nusa Lembongan и Nusa Ceningan.

Овој остров кој е оддалечен 40 минути возење со брод од островот Бали, претставува еден вид резерват за заштитени видови птици во областа.

Освен преубави песочни плажи, на островот може да видите преубави пештери, морски карпи и низа на хиндуистички храмови.

За сите љубители на нуркање Nusa Penida е своевиден рај, заради големиот број на прекрасни локации за нуркање како Penida Bay, Batu Lumbung (Point Manta), Batu Meling, Batu Abah, Toya Pakeh и Malibu Point.

Ако нуркате на локацијата Malibu Point ќе видите сиви и бели гребени, ајкули и мноштво на риби.

До овој остров е многу лесно да се дојде, заради развиените транспортни линии од Бали кон другите острови и кон Nusa Penida.

Слични написи

Толедо – градот на историјата и мечевите

dart

Токио, град од соништата

admin

Mали европски градови кои мора да ги посетите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.