Технологија

Дубаи со технолошки новитети од научно-фантастичните филмови

Општо е познато дека Дубаи многу инвестира во технологија и во осовременување на животот. Исто така, познато е и дека властите во Дубаи сакаат да експериментираат со новата технологија. Во последниот период во Дубаи тестиран е робот што патролира по улиците, летечко такси, односно дронови кои функционираат на принципот на UBER, дигитални регистерски таблички и ја развиваат идејата за изградба на HYPERLOOP.

Според изјавата на властите во Дубаи, се најавува уште една технолошка новина. Автономни такси возила ќе почнат да се движат по улиците на Дубаи, и со тоа се потврдува констатацијата дека Дубаи е еден од технолошки најумните градови. Автономниот такси сервис почна со тест период и за тоа време во одредени делови од градот ќе патролираат тотално автономни такси возила. Сервисот ќе нуди превоз на патници на кратки делници низ центарот на градот. За таа намена се користат преработени Мерцедес возила опремени со камери, сензори и LIDAR (Light Identification Detection and Ranging) систем. Возилата во тест периодот ќе возат со мала брзина околу 30 км/ч. Додека трае тестирањето, на седиштето до возачкото ќе седи човек кој доколку има потреба ќе интервенира.

Останува да видиме како ќе помине тест периодот.

Слични написи

Вселенската сонда New Horizons со нова одредница

admin

New Horizons стигна до Ultima Thule

Biba

Новиот сензор од 48 мегапиксели на Сони

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.