Убавина

Домашен сируп со кој масното ткиво се намалува за 1 см дневно

Состојки:

125 г рен

3 лажици мед

сок од 3 лимони

Подготовка:

Ставете го ренот во блендер и блендирајте го додека да стане мазен и кашест. Потоа додајте ги медот и сокот од лимон и повторно измешајте, смесата да добие конзистенција на сируп. Сирупот чувајте го во стаклена тегла во фрижидер и земајте две лажици дневно, една наутро и една навечер пред јадење. Пијте го три недели, а ако имате потреба по пауза од неколку дена направете уште една доза од сирупот.

Здравствени придобивки:

Комбинацијата на состојки во сирупот помага да се отстрани вишокот на маснотии и вода од организмот, да се подобри функцијата на мозокот и меморијата, да се подобрат видот и слухот.

За медот веќе знаеме дека од него има многу здравствени придобивки. Богат е со антиоксиданти кои го зајакнуваат имунитетот. Потоа, ги зајакнува коските и го промовира нивното растење. Помага во борбата против заморот и исцрпеноста и се бори со габичните инфекции. Медот, исто така, помага да се намали масното ткиво околу стомакот.

Главната состојка на сирупот е ренот кој е богат со витамин Ц, потасиум (витамин К), витамини Б1, Б2 и Б6, железо, калциум, магнезиум и фосфор. Ренот го прочистува организмот, го стимулира и забрзува метаболизмот и ги зголемува корисните бактерии во дигестивниот тракт. Се смета за намирница која ги топи масните наслаги така што ги намалува маснотиите во клетките и овозможува губење до 1 см дневно масно ткиво од струкот и стомакот. Покрај тоа, ренот содржи природни антибиотски состојки алицин и синигрин, кои се борат против инфекциите во организмот.

Главната предност на овој сируп е што ја намалува нескротливата желба за јадење благо.

Слични написи

Модни грешки поради кои ќе изгледате 5 килограми подебели

dart

Балетанките можат да направат поголема штета од штиклите

Biba

Зошто треба да престанете да носите градник

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.