Психологија

Добрата плата не е гаранција за среќа

 

Најзадоволни работници се вработените во салоните за убавина, а најмалку задоволни се банкарите, финансиските стручњаци, компјутерските и интернет инженери и градежните работници.

Задоволни работници се оние кои имаат доволно време за приватен живот, и добри колеги и соработници

Студија спроведена во Велика Британија покажала дека висината на платата на вработените не им е пресуден фактор за да бидат задоволни од работата. Наместо тоа, поважно им е да ги интересира и да го сакаат она што го работат, да имаат рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот и да имаат пријателски однос со колегите.

Помалку од половината од 1000 испитаници вработени во 20 различни професии изјавиле дека нема да ја сменат работата само заради платата.

По фризерите и козметичарите, најзадоволни од својата работа се војниците, по нив следат готвачите, па вработените во продажба.

Најмалку задоволни се банкарите, финансиските стручњаци, вработените во ИТ секторот и градежните работници.

Флексибилен пристап

“Истражувањето покажува дека бизнис заедницата треба да размисли за системот за наградување и мотивирање на вработените, да ги земе предвид потребите на работниците на индивидуална база”, ги коментира резултатите Гери Купер, организациски психолог на Универзитетот во Ланкестер.

И покрај тоа што рамнотежата меѓу приватниот живот и работата се наведува како исклучително важна, дури секој петти работодавач практикува флексибилно работно време, а секој десетти менаџер им дозволува на вработените да работат од дома.

Заради ваквиот пристап на работодавачите се ризикува зголемување на непродуктивна и немотивирана работна сила и нејзино потенцијално губење кај конкурентните компании.

 

Слични написи

Плачењето помага да се намали стресот

admin

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Комората на психолози и Министерството за здравство

admin

За да се чувствувате подобро, треба да престанете да се жалите

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.