Вести

Денес е Меѓународниот ден на кафето

 

Меѓународната организација на кафето го востановува како празник и официјално почнува да го одбележува Меѓународниот ден на кафето на 1 октомври 2015 година. Ова е ден кој не само што го слави и промовира кафето како напиток, туку има за цел и да ја промовира фер трговијата со кафе и да ја зголеми свесноста за лошите услови во кои работат одгледувачите на кафе.

Има многу причини заради кои кафето е најпопуларниот напиток на светот. Не само што нè буди и рассонува наутро, туку од него имаме повеќе здравствени придобивки отколку што можеби знаеме.

Следуваат бенефити од кафето според последните истражувања:

  • Го намалува ризикот од срцеви болести. Студиите на Американската асоцијација за срце покажале дека пиењето кафе може да го намали ризикот од инфаркт и срцеви болести. Во споредба со луѓето кои не пијат кафе, оние кои пијат имаат 7 % помал ризик да развијат некоја болест на срцето и 8 % помал ризик од инфаркт. Кафето, исто така, кај постарите лица помага организмот побрзо да се опорави после доживеан инфаркт. Во една студија со глувци е докажано дека кафето го поттикнува движењето на еден протеин кој ги штити кардио-васкуларните клетки од оштетување.
  • Ја засилува функцијата на мозокот. Британски научници во своето истражување покажале дека не е потребно дури ни да се пие кафе, доволно е само да се помириса напиток од кафе кое не содржи кофеин, за да се засили когнитивната функција и да се подобри перформансата на одредени задачи. Учесниците во истражувањето не само што верувале дека ќе се чувствуваат побудни, поенергични и дека ќе работат подобро откако ќе помирисаат кафе, туку тие исто така и постигнале повисоки резултати на тестовите, што сугерира дека кафето може да има и плацебо ефект.
  • Штити од канцер на простата. Италијанска студија покажала дека пиењето три до четири чашки кафе дневно може да го намали ризикот од рак на простатата. Ова се однесува само на кафето кое е подготвено на италијански начин, т.е. со подготвување на кафето под висок притисок, со висока температура на водата и без филтри.
  • Го намалува ризикот од заболувања на црниот дроб. Една студија направена на Универзитетот Саутемптон минатата година сугерира дека кафето може да го намали и ризикот од заболувања на црниот дроб, како што се цироза и канцер на црниот дроб. Експертите од седум Европски земји се согласни дека пиењето кафе за 40 % го намалува ризикот од канцер на црниот дроб кај луѓето кои пијат кафе, во споредба со оние кои не пијат. Истражувања спроведени во САД и во Италија покажуваат дека пиењето кафе конзистентно е поврзано со намален ризик од цироза, со потенцијално намалување на ризикот за 25 – 65 % кај луѓето кои пијат кафе, зависно од количината на кафе што ја внесуваат во организмот.
  • Ја подобрува и засилува рутината за вежбање. Пиењето на една чашка кафе наутро пред вежбање или трчање, ќе ви помогне да се чувствувате поенергични и посилни. Студија спроведена на Ковентри Универзитетот во Лондон открила дека пиењето на една чаша кафе еден час пред атлетска трка може да го подобри времето на трчање за 2%. Кофеинот, исто така, ги зголемува и енергијата и менталната будност, што може да делува како бустер пред почетокот на вежбањето.
  • Го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Истражување на Универзитетот Архус во Данска открило состојки во кафето кои го намалуваат ризикот од развивање на дијабетес тип 2. Научниците првично мислеле дека кофеинот е одговорен за овој ефект, но подоцна пронашле други состојки во кафето кои го намалуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2.
  • Го продолжува животот. Студија презентирана минатата година на Конференцијата на Европското друштво за кардиологија открила дека жителите на Медитеранот кои консумираат кафе имаат намален ризик од смртност. Во студијата биле следени 19,896 возрасни Шпанци во просек десет години. Испитаниците кои пиеле најмалку четири чашки кафе на ден имале 65 % помалку шанси за смртност од било кои причини, во споредба со учесниците кои никогаш, или речиси никогаш не пиеле кафе. Овој ефект бил уште поизразен кај испитаниците кои биле постари од 45 години.

 

Слични написи

Како се пренесува КОВИД – 19 и како да се заштитите

Biba

Велики Петок е ден што треба да се помине скромно и во пост

admin

Комплетна програма за летниот фестивал „Summerland” што се одржува во Градскиот парк

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.