Љубов и секс

Девет работи што можат да го оштетат кондомот за време на сексот

 

Понекогаш, кондомот не ја исполнува функцијата за која е наменет – заштита од несакана бременост и заштита од сексуално преносливи болести.

Постои правило, според кое, доколку кондомот се користи исправно како што е пропишано, неговата заштита е 98 %, но доколку не се придржуваме на пропишаните правила за користење – неговата сигурност е 0 %.

Страшно е кога ќе забележите дека кондомот што го користите за време на сексот се оштетил, се скинал или се дупнал, и со тоа сте се изложиле на несакана можност од забременување или на можност од добивање на сексуално пренослива болест.

Постојат многу начини да добиете нефункционален кондом:

  • Му поминал рокот кој е препорачан за користење или сте го чувале неправилно. Многу е битно кондомот да се користи во пропишаниот период, поради запазување на квалитетот на латексот од кој е изработен, и посебно е важно кондомот да не го чувате во новчаници, по џебови, или на места на кои би бил изложен на повисока температура. Секое такво чување на кондомот доведува до негово стареење и сушење, зголемена порозност, а со тоа и негова небезбедност.
  • Воздушен меур во кондомот. Ако при користење на кондомот дозволите во него да остане воздушен меур, се доведувате во опасност. Воздушниот меур за време на сексуалниот однос е под зголемен притисок и со самото тоа може да доведе до пукање на кондомот.
  • Премногу тесен кондом. Kористење на кондом кој не е со правилната големина за пенисот, исто така претставува потенцијална опасност. Тесниот кондом е константно изложен на притисок и на ширење на латексот, и со тоа може да доведе до пукање.
  • Кондом кој нема доволна количина на лубрикант. Во овој случај материјалот од кој е изработен кондомот е сув, па заради тоа триењето при сексуалниот однос се зголемува и со тоа се зголемува и опасноста од пукање.
  • Користење на лубрикант на маслена основа. Латексот и лубрикантите на маслена база не се добар пар. Маслениот лубрикант го уништува латексот и го прави порозен и подложен на кинење.
  • Погрешно отворен кондом. Ако кондомот го отворате со заби постои голема веројатност да го оштетите со забите. Доволно е да се направи и микро оштетување кое за време на односот може да се претвори во дупче или пак да доведе до пукање на кондомот.
  • Премногу влакна на вагиналната или регијата околу пенисот. При сексуалниот однос влакната го зголемуваат триењето околу кондомот и тоа може да доведе до негово пукање.
  • Свежо избричена вагина. Влакната што се подраснати во ситуација кога вагината е свежо избричена се остри и цврсти и можат да и на најмал допир да доведат до кинење на кондомот.
  • Недостаток на простор на врвот од кондомот. Кога користите кондом секогаш оставајте простор на врвот од кондомот. Ако ова не го направите, може да се случи пукање на кондомот дури и за време на ејакулацијата.

 

Слични написи

Единствената вештина што е потребна за добар секс

Biba

Што сакаат мажите повеќе: див секс или нежност и романтика

admin

Дали сте сексуално компатибилни со партнерот

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.