Спорт

Данска е новиот светски првак во ракомет

Вечерва на домашен терен Данска ја совлада Норвешка со убедлив резултат од 31:22, и со тоа го освои првото место на СП во ракомет.

Ако се исклучи почетокот на натпреварот кога Норвешка имаше предност, може да се каже дека ракометарите на Данска доминираа на теренот.

Домаќините одиграа натпревар за пример и пофалба. Беа брзи во нападите и прецизни во шутевите. Со секоја помината минута разликата се зголемуваше, а на полувреме заминаа со резултат 18:11.

И во второто полувреме Норвешка беше немоќна да се одбрани од нападите на данскиот тим. Во корист на домаќините беа и навивачите на трибините кои лавовски ја бодреа својата репрезентацција.

Со освојувањето на првото место Данска оствари директен пласман за Олимписките игри во Токио што ќе се одржат во 2022 година.

Слични написи

Барса со нови дресови

admin

Рома заработи казна поради дискриминирачкото навивање против Наполи

Biba

После 12 години во Баерн, Рибери заминува

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.