Психологија

Дали навистина другите луѓе имаат побогат социјален живот?

 

Во денешно време на сеопшта поврзаност меѓу луѓето, многу е лесно да се споредуваме со другите. Оценките кои ги носиме се често пати во наша корист, така што си ласкаме дека сме попаметни, поморални, подоверливи, па дури и посреќни од другите, велат психолозите Себастијан Дери, Шеј Давидај и Томас Гилович, автори на истражување објавено во француското списание Le Point.

Тргнувајќи од пионерското истражување на американскот психолот Леон Фестингер, тројцата психолози испитувале како луѓето го проценуваат сопствениот социјален живот во споредба со другите и востановиле дека тука заклучоците се попесимистични и на наша штета. Околу 3000 испитаници одговарале на прашањето како го оценуваат сопствениот, а како социјалниот живот на своите познаници.

Испитаниците одговарале на прашања за бројот на пријатели, колку често одат на забави, вечерни излегувања, за бројот на пријатели на социјалните мрежи.

Голем број од учесниците во истражувањето оцениле дека нивниот живот е многу посиромашен од животот на нивните познаници. На пример, 82% од испитаниците тврделе дека одат на помалку забави отколку луѓето од нивната околина. Кога овој тест бил спроведен на друга група луѓе, резултатите биле повторно исти, со тоа што учесниците не го оценувале социјалниот живот на луѓето од својата околина, туку на просечните луѓе на иста возраст и од ист пол.

Друго истражување направено по истиот модел и спроведено на повеќе од  1200 луѓе, им овозможило на психолозите да заклучат дека полот, возраста, степенот на образование, висината на приходите и политичките убедувања не играат никаква улога во таквата песимистична проценка на сопствениот социјален живот.

Тие поставиле хипотеза дека луѓето спонтано се склони кон споредување на друштвениот живот со поединци кои се “хипердруштвени”. Овие хипердруштвени поединци учествуваат на сите забави, ангажирани се во низа активности и постојано се во комуникација со голем број луѓе.

Нивниот друштвен живот цвета, покажува испитувањето, а таквата проценка ја засилува и денешното сè почесто користење на социјалните мрежи. Кога одговарале на прашањата, токму тие хипердруштвени поединци им доаѓале на памет на испитаниците,  затоа што се “исклучително видливи”, велат авторите.

Резултатите покажуваат дека сме склони да го потцениме богатството на нашиот друштвен живот затоа што за споредба ги земаме друштвено најактивните поединци. Стручњаците наведуваат дека е исклучително важно за поединецот да се оствари во социјалниот живот. Ако личноста се чувствува социјално интегрирана, помалку е несреќна и смета дека нејзиниот живот има смисла.

Затоа, склоноста да го потценуваме  богатството на сопствениот друштвен живот не е безопасна. Во тој контекст, претераното користење на социјалните мрежи може да им наштети на лицата кои се чувствуваат помалку друштвено интегрирани и им даваат илузија дека нивниот социјален живот е драматично сиромашен и разочарувачки.

 

Слични написи

Лошите односи со врсниците во училиште, предизвикуваат здравствени проблеми подоцна во животот

Biba

Заборавеноста, е всушност, знак на интелигенција

Biba

Лутината е поштетна за здравјето на постарите луѓе отколку тагата

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.