Гастрономија

Густа супа од грашок и шунка

 

Потребни состојки:

1 лажичка путер

1 кромид, ситно исечкан

1 патлиџан, излупен и исечкан на ситни парчиња

1 литар говедски бујон

500 г грашок (може и смрзнат)

300 г квалитетна шунка, исечкана ситно

Начин на подготовка:

  1. На средна температура во тенџере загрејте го путерот да се направи пена, додајте го исечканиот кромид и пржете го додека да омекне (да не потемни).
  2. Додајте го излупениот и исечкан патлиџан, измешајте да се соедини со путерот и додајте го бујонот. Откако смесата ќе проврие, оставете ја да крчка на тивко додека омекне патлиџанот.
  3. Додајте го грашокот, почекајте супата да зоврие и варете уште неколку минути.
  4. Тргнете го тенџерето од оган и изблендајте ја содржината со блендер додека да стане мазна. Потоа додајте ја исечканата шунка, измешајте и послужете ја супата додека е топла.
  5. По желба, декорирајте со парчиња пржена шунка и магдонос.

На здравје!

 

Слични написи

Освежително смуди од банана и киви

Biba

Четири начини за правилно стерилизирање тегли за зимница

dart

Здрави палачинки од овесно брашно

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.