Љубов и секс

Го уништуваат ли кондомите чувството на задоволство за време на сексот?

 

Широко е распространето верувањето дека сексот со кондом не е природен и дека дава помалку задоволство. Но, според резултатите од едно истражување, мислењето дека додека се става кондомот мажот може да ја изгуби ерекцијата – се докажа како невистинито.

Во истражувањето кое е објавено во “Journal od Sexual Medicine”, а спроведено на мажи и жени на возраст од 18-59 години, дури половина од сите испитаници изјавиле дека сигурниот секс е и возбудлив и пријатен. Притоа, се оценувал и сексот без користење на кондоми.

Студијата вклучила податоци од Националното истражување на сексуалното здравје и однесување, кое вклучувало сексуални искуства и искуства со носење на кондом на 5 865 Американци. Испитаниците високо го оцениле задоволството од сексот, без оглед на тоа дали користеле или не користеле кондоми.

Истражувањето открило и дека користењето на лубриканти го зголемува задоволството за време на сексот, но жените се помалку склони да ги користат, затоа што сувоста на вагината ја сметаат за знак за стареење. Меѓутоа, една третина од испитаничките изјавиле дека имаат потреба од лубрикант.

 

 

Според Деби Хербеник од Универзитетот Блумингтон во Индијана, битно е партнерите да се запознаат со потребата од користење и на кондоми и на лубриканти, со кои ќе ја зголемат безбедноста и задоволството за време на водењето љубов.

Се испитувало и познавањето на испитаниците на типовите на кондоми (од латекс, полиуретан или друг материјал) и се покажало дека жените 24 %, во споредба со мажите 9 %, можат помалку да идентификуваат за каков материјал се работи, што истражувачите го објаснуваат со тоа што мажите почесто купуваат кондоми од жените.

Непознавањето на материјалот од кој е направен кондомот може да има сериозни импликации врз здравјето. Лубрикантите на база на вода се безбедни за користење со кондом, додека лубрикантите на база на масло и петролеум можат да го оштетат кондомот и тој да не ги заштити партнерите од сексуално преносливи болести или несакана бременост.

Истражувањето открива и дека оние испитаници кои изјавиле дека кондомот им ја намалува ерекцијата, генерално се посклони кон заболувања кои предизвикуваат еректилна дисфункција и дека независно од користењето на кондомот би имале проблем со постигнувањето и одржувањето на ерекцијата.

 

 

Ова истражување покажува дека мажите немаат проблем во одржувањето на ерекцијата додека се става кондомот и со тоа се руши митот дека ставањето на кондом е убиец на ерекцијата и на сексуалното задоволство.

Според Деби Хербеник, истражувач и директорка на Центарот за сексуално здравје при Универзитетот Блумингтон во Индијана, кај американската популација се зголемува процентот на заболени од сексуално преносливи инфекции, несакани бремености и ХИВ, и дека од клучно значење е преку едукација да им се помогне на луѓето да го разберат бенефитот од користењето на лубриканти и кондоми за време на сексот.

 

Слични написи

Може ли врската да е добра ако сексот е лош, и обратно?

Biba

Ритуали кои жените ги прават пред секс

Biba

Колку пати неделно имаат секс среќните парови

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.