Забава

Ги нарекуваат вампири бидејќи кожата буквално им се распаѓа на сонце

 

Во бразилската држава Сао Паоло, во селото Арарас, живеат луѓе со ретко генетско нарушување. Состојбата која ја имаат поради ова генетско нарушување е наречено Xeroderma Pignetosum. Тоа е состојба која кога човекот е изложен на сонце, неговата кожа буквално се пржи, па заради тоа се приморани да се кријат од светлоста на денот. Ги нарекуваат вампири.

Од вкупно 800 жители на селото, дури 600 го имаат ова нарушување.

Кожата на заболените е исклучително осетлива на сончевите зраци, нема способност за регенерација после оштетувањето, па дури и најмала изложеност може да доведе и до рак на кожата.

Според статистичките податоци во светот, од ова генетско нарушување боледуваат 10.000 лица. Се работи за генетски наследна мутација.

Според истражувањето на група научници, добиени се резултати дека големиот број на заболени во селото се должи на тоа што сите потекнуваат од три португалски семејства кои се доселиле на локацијата уште во шеснаесеттиот век, и меѓусебно се венчавале и го пренесувале генетското нарушување.

И денес во селото се венчаваат меѓу себе лица од исто семејство и со истото генетско нарушување, па нивните потомци го носат истиот ген кој станува доминантен.

За болеста нема лек, единствениот совет и лек е да го избегнуваат изложувањето на сонце.

 

 

Слични написи

Експресно разладете шише вино со помош на еден трик

Biba

Легендарните Квин добија своја монета во Британија

admin

Тоалетната хартија ги уништува шумите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.