Автомобилизам

Во салонот на порше промовирана новата шкода скала

 

Пред македонските новинари во салонот на Škoda, денес официјално беше претставен новиот член на семејството на Škoda – новата Scala.

Овој нов модел на чешкиот производител комплетно го редефинира сегментот за компактен семеен автомобил, а во понудата на Škoda се позиционира помеѓу Fabia и Octavia, заменувајќи го моделот Rapid, кој завршува со своето производство.

Името „Scala“ претставува латински збор кој означува скалила, што според Škoda го означува големиот напредок и исчекор во компактниот сегмент.

Основана на концептот Vision RS, новата Škoda Scala беше развивана четири години, а крајниот резултат претставува перфектен производ. Инкорпорирајќи нова технологија, емотивен дизајн, високо ниво на функционалност и конективност, новата Škoda ја поставува новата основа во компактниот сегмент.

Дизајнерски, Škoda Scala ја претставува следната фаза од еволуцијата на дизајнот на Škoda моделите, со истакнати безвременски, софистицирани, скулпторски форми и динамични детали. Дизајнот на Škoda Scala се темели на концептот Vision RS и се карактеризира со прецизни и динамични линии, извонредна интеракција на светлината и сенките и уметнички тродимензионални форми претставени пред сè со впечатливата предна решетка и задните стоп-светла.

Внатрешноста на Škoda Scala, освен што е препознатливо пространа и комфорна, отсега импресионира и со добро осмислена модерна ергономија и емотивно осмислен дизајн. Во внатрешноста се истакнуваат квалитетните и меки материјали и огромниот 9,2” дисплеј. Секако, Škoda Scala е вистинска Škoda, што значи дека секогаш нуди највеќе простор за патниците и огромен багажник.

Безбедноста на патниците во Škoda Scala доаѓа во сериска опрема со напредните безбедносни системи како: Front Assist – радар за автоматско сопирање при појава на пешак, возило или препрека, Lane Assist – систем за одржување на коловозна лента, сензор за дожд со светлосен асистент за автоматска контрола на долгите светла, 6 воздушни перничиња, индикатори за сите појаси, темпомат со ограничувач на брзина и зајакната каросерија изработена на MQB платформа од високо квалитетни челици.

Škoda е добро позната по своите т.н. Simply Clever практични решенија. Новата Scala не е исклучок на ова, содржејќи повеќе интелигентни функционалности кои го прават секојдневието полесно за возачите. Како дополнување на држачот за паркинг картичка на А-столбот и одделот за чадор во вратата на возачот, тука е гребалката за мраз во вратичката за гориво со вграден мерач на длабочина на пневматици и интегрираната инка за полнење на средство за прскалките на бришачите. Доколку е потребно, Scala може да се добие и со електрична самоповлекувачка кука за влечење, која се контролира преку копче во багажниот простор, што исто така претставува прва иновација во својот сегмент.

Миле Станчев – бренд менаџер на Škoda, во своето обраќање кон новинарите изјави: „Би сакал и да истакнам дека Škoda Scala е најважниот модел за брендот Škoda на македонскиот пазар, затоа што нуди најголема вредност за вложените пари. Отсега и македонските купувачи ќе може да добијат модерен, просторен, технолошки напреден и безбеден автомобил, за цена далеку поприфатлива споредено со директните конкуренти во компакт класата. Да ѝ посакаме добредојде на Škoda Scala, идната ѕвезда и best seller на Škoda во Македонија.“

За почеток, на македонскиот пазар Scala ќе се нуди со два турбобензинци со 1.0-литарски мотор и 95 или 115 коњски сили со мануелен или DSG автоматски менувач, и еден турбодизел 1.6-литарски, кој испорачува 115 коњски сили и може да има мануелен или DSG автоматски менувач. Додека најмоќниот 1.5-литарски турбобензинец со 150 коњски сили ќе ни биде достапен од октомври. Scala тежи само 1.240 кг благодарејќи на MQB платформата и располага со одлични возни карактеристики со секои од понудените варијанти на мотори.

 

Слични написи

Фолксваген објави тизер за редизајнираниот тигуан

Biba

Сони влегува во светот на автомобилите

Biba

Валхала е името на новиот хиперавтомобил на Астон Мартин

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.