Вести

Во петок стартува новата сезона на Аква паркот во Скопје

 

Во петок, 14.06.2019, со почеток од 10:00 часот, ќе стартува новата летна сезона во Аква паркот кој се наоѓа во склоп на СЦ „Борис Трајковски“. Оваа година, Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти: 10 атрактивни тобогани, базен со бранови, бумеранг, детски базен, како и новото детско катче за забава во песок.

Новитет е и полудневната карта, која ќе може да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови. Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди, и е единствена од таков тип во нашата држава.

Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за уникатни прослави, родендени, момински и ергенски вечери.

 

Слични написи

Мајмунчето Коко се враќа во скопската зоолошка градина со нови пријатели

Biba

Музичката легенда Оливер Драгојевиќ почина

admin

Почина Ники Лауда, легендата на Формула 1

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.