Забава

Во Пекинг е отворена антистрес соба во која стресот се ослободува со кршење предмети

Во Пекинг е отворена антистрес соба во која клиентите имаат половина час да кршат шишиња, мобилни телефони, електронски уреди и слични предмети, за да се ослободат од бесот и фрустрациите.

Група пријатели минатото лето отвориле антистрес соба, во која половина час чини 158 јуани (23 долари). Сопствениците тврдат дека корисниците на собата месечно кршат 15 000 шишиња.

Во собата смее да влезе клиент исклучиво со заштитен шлем на главата, а додека ги исфрлаат бесот и фрустрациите можат да користат чекани и дрвени палки за да кршат предмети по нивен избор.

Во антистрес собата доаѓаат и малолетници кои се бесни заради училишни проблеми.

Сопствениците на собата истакнуваат дека не сакаат да поттикнуваат насилство, туку да им помогнат на луѓето да се изборат со секојдневниот притисок во големите градови како што е Пекинг.

Според нив, собата најмногу ја посетуваат млади на возраст од 20-35 години. Неодамна собата ја посетила млада жена која со големо задоволство кршела врамени фотографии од нејзината свадба.

Според кинеските медиуми, наскоро се планира отворање на уште една таква соба во шопинг центар, каде што луѓето ќе можат да се одморат од купувањето така што ќе искршат некој предмет во антистрес собата.

Слична понуда има и во други земји, како што е на пример САД.

Слични написи

Актуелниот првак во Формула 1 го купи својот втор пентхаус на Менхетен

Biba

Родени се првите лавчиња од епрувета

admin

Семејството Кардашијан-Џенер наскоро ќе сними ново шоу што ќе се прикажува на интернет

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.