Забава

Во недела започнува зимското сметање на времето, ги враќаме стрелките на часовникот за еден час наназад

 

Ноќта од сабота кон недела, поточно на 31 октомври во три часот по полноќ престанува летното и започнува зимското сметање на времето. Потоа ќе ги вратиме стрелките наназад за еден час.

Практиката е да се поместува часовникот секој последен викенд во октомври, и се префрламе од летно во зимско сметање на времето.

Со враќањето на зимското сметање на времето, сонцето порано ќе изгрее, но и ќе зајде, па деновите ќе имаат помала светлина во попладневните часови. Ноќта кога ќе се вратат стрелките, луѓето ќе можат да спијат еден час подолго.

Воведување на т.н Летното сметање на времето првично беше предложено за заштеда на енергија како „Летно сметање на времето“ (DST). Првпат беше предложено во 1784 година од Бенџамин Френклин во есеј што тој го испрати до уредниците на еден париски весник. Преминот првпат официјално беше извршен во дел од Канада во 1908 година, а потоа и во други земји.

Поместувањето на стрелките од летната кон зимската пресметка наскоро би можело да биде минато, имајќи предвид дека во март 2019 година, Европскиот парламент гласаше за укинување на правилата до крајот на 2021 година. Сепак, одлуката се уште не е на сила бидејќи земјите од Европската унија не утврдиле дали ќе се применува летно или зимско сметање на времето.

Слични написи

Слаба си како Twiggy

admin

Одете како пингвин за да се справите со замрзнатите тротоари

Biba

Најдобрите сопрузи се родени во овој хороскопски знак

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.