Технологија

Во Кина започнува изградбата на првата подводна метро мрежа

Технолошкиот напредок на Кина е евидентен на сите полиња.

Последното чудо од нивниот напредок е подводната линија за метро.

Властите во Кина го одобрија во целост проектот за изградба на подводно метро кое ќе ги поврзува Нингбо – пристаништен град јужно од Шангај и Жоушан – архипелаг на источниот брег.

Продолжениот подводен тунел ќе биде составен дел на 77 километри долгиот железнички план Јонг Жу.

Иницијалната понуда за целиот проект датира од 2005 година, но властите дури сега го одобрија градењето.

По завршувањето на градбата на железницата, ќе се овозможи патување со максимална брзина од 250 км/ч. Патувањето што обично со автобус или автомобил трае помеѓу 2,5 и 4 часа, со брзата железница ќе се сведе на 80 минути.

Целата рута ќе има 7 постојки и се планира изградба на специјални мостови што ќе ги поврзат деловите на архипелагот.

Вредноста на целиот проект е 3,6 милијарди долари, почетокот на градбата е планиран за следната година, а завршувањето е планирано за 2025 година.

Слични написи

Ракетата Сојуз повторно ќе биде лансирана

Biba

Најлошите лозинки за 2018 година

Biba

Huawei P30 Pro ги менува правилата и светот на мобилната фотографија

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.