Наука

Водечки климатолози со предупредување

Глобалното затоплување секојдневно расте. Доколку во следните 12 години не успееме да го задржиме на ниво од 1,5 степени, климата би можела драстично да се смени. Ќе донесе зголемување на суши, поплави, екстремна топлина, а сето тоа носи сиромаштијата за стотици милиони луѓе.

Мора да се преземат итни долгорочни промени во начинот на функционирање на општествата во насока на зачувување на природните ресурси, за да се избегне катастрофално ниво на глобално затоплување. Досегашното зголемување од еден степен веќе носи климатски проблеми, доколку го надминеме нивото од 1,5 степени Целзиусови проблемите можат да бидат од неповратен карактер, да не може да се направи ништо за да се смени процесот во обратен правец.

Се предупредува дека нивото на CO2 до 2030 година треба да се намали барем за 45 % како би се задржало глобалното затоплување од 1,5 степени Целзиусови. Тоа е технички потполно изводливо, само треба да се има волја за промена на производството на енергија, индустријата, градењето, урбанизацијата и други дејства што влијаат на климатските промени.

Слични написи

Најпознати први реченици во книжевноста

Biba

Разоткриен е митот за местото на кое се среќаваат два океана

Biba

Човекот го загади и најдлабокото место во Тихиот Океан

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.