Здравје

Влијанието на оревите на вашето здравје

 

Јаткастите плодови се здрави и популарни намирници. Денешната здрава исхрана задолжително ги вбројува јаткастите плодови во доручек, или како идеален меѓуоброк наместо грицки и слатки.

Оревите, заедно со бадемите, се најпопуларните јаткасти плодови кои изобилуваат со здрави масти, витамини, минерали и растителни влакна, а тоа ги прави многу корисни за вашето здравје.

Наведуваме неколку причини поради кои оревите се одлична намирница која љубителите на јаткасти плодови ќе ја засакаат уште повеќе.

Богати се со антиоксиданти. Антиоксидантите се од витално значење за вашето здравје, а оревите содржат единствени и моќни антиоксиданти кои помагаат во спречувањето на хемиски индуцирано оштетување на црниот дроб.

Спречуваат канцер. Оревите помагаат во намалувањето на ризикот од рак, посебно на ракот на простата и ракот на дојка, и тоа за 40-50 %. За ова се заслужни здравите масти од оревот кои значително го успоруваат развојот на туморот, па има време да се реагира навремено.

Го чуваат здравјето на срцето. Оревите се богати со аминокиселината L-arginin која дава повеќекратна предност на лицата со срцеви болести и на оние кои имаат повисок ризик за болести на срцето. Содржат и растителна омега-3 алфа-линоленска киселина која делува противвоспалително, може да спречи згрутчување на крвта и го контролира нивото на холестерол.

Ја контролираат телесната тежина. Ако ги вброите оревите во вашата секојдневна исхрана, ќе ви помогнат да ја одржите идеалната телесна тежина. Причината за тоа е што оревите го зголемуваат чувството на ситост, го намалуваат обемот на половината, а ако ги јадете како замена за грицки и слатки, може да изгубите 2 килограми.

Го подобруваат репродуктивното здравје на мажите. Една од помалку познатите предности на оревите е нивното влијание на машката плодност. Кај мажите кои јадат околу 75 грама ореви дневно, значително се подобрува квалитетот на сперматозоидите, односно нивната виталност, подвижност и морфологија.

Го одржуваат мозокот здрав. Оревите содржат повеќе невропротективни соединенија меѓу кои се витаминот Е, омега-3 масните киселини и антиоксидантите, за кои е докажано дека ги подобруваат когнитивните и моторните функции за време на стареењето и го зголемуваат инференцијалното расудување кај младите возрасни.

 

Слични написи

Поставен нов рекорд за породување по природен пат

admin

Може ли со сода бикарбона да се излекува уринарна инфекција?

Biba

Менструалниот циклус може да влијае на долговечноста

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.