Гастрономија

Вкусна и здрава крем супа од блитва

 

Потребни состојки:

20 г масло

40 г ситно исечкан кромид

2 чешњина исечкан лук

800 мл вода

250 г на коцки исечкан компир

500 г грубо насечкана блитва

1 лажица вегета

сол и црн бибер

100 г павлака

100 г изрендано сирење

Подготовка:

  1. Во загреано масло пропржете го кромидот, додајте го лукот и налејте околу 800 мл вода.
  2. Кога ќе проврие водата додајте ги компирот, блитвата и вегетата.
  3. Гответе на средна температура околу 15 минути а потоа изблендајте ги сите состојки да добиете кремаста конзистенција на чорбата.
  4. На крајот посолете, ставете бибер и измешајте ја павлаката.
  5. Супата послужете ја топла со нарендано сирење одозгора.

На здравје!

 

Слични написи

Молдавија ја има најголемата винарија во светот

Biba

Густо и кремасто смуди од банана

Biba

Плескавици од компири

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.