Здравје

Важноста на витамините А и Д за доенчињата

—Витамин А

Овој витамин спаѓа во групата на витамини кои се раствораат во масти.

—Неговата улога во организмот е: да го заштитува здравјето на очите, да го зајакнува имунитетот, неопходен е за правилен раст и развој на сите клетки во телото и поради тоа е особено важен за децата и адолесцентите, да ја поддржува репродуктивната функција.

—Извори богати со витамин А се: масна риба, на пр. лосос, туна, скуша, пастрмка; јајца, особено жолчката; млеко и млечни производи, првенствено масните сирења и путерот; овошје и зеленчук со жолта, црвена, портокалова и темнозелена боја: морков, диња, тиква, блитва, патлиџан, спанаќ, кељ, праски, кајсии; говедски и јагнешки џигер.

—Недостатокот на витамин А во организмот предизвикува опаѓање на косата, слабеење на забната глеѓ, ноќно слепило, зголемена подложност на инфекции, слаб раст и кршливост на ноктите, кожни заболувања.

Витамин Д

—Ова е уште еден витамин од групата на витамини кои се раствораат во масти. —Витаминот Д го создава самиот организам кога телото е изложено на директна сончева светлина, но се наоѓа и во ограничен број намирници: жолчка од јајце, печурки, портокали, масна риба, говедски џигер.

—Важен е за здравјето на коските, забите, мозокот и нервниот систем, за здрав имунитет, го регулира нивото на инсулин, ја поддржува функцијата на кардиоваскуларниот систем и на белите дробови, ја зголемува апсорпцијата на калциум и фосфор во телото.

—Бебињата по раѓањето до 6-тиот месец од животот се хранат исклучиво со мајчино млеко, кое содржи многу мала количина на витамин Д и затоа тој недостаток се надоместува преку додатоци во вид на капки. —Доенчињата кои пијат адаптирано млеко не треба дополнително да внесуваат никакви витамини, заради тоа што во формулата на ова млеко се додадени сите потребни витамини и минерали за нив.

—Докажано е дека децата кои како доенчиња примале додаток на витамин Д, имаат поголема минерална густина на коските и помал удел на масни наслаги во телото, односно, не се подложни на дебелеење.

—Недостатокот на витамин Д во организмот предизвикува остеопороза, односно намалување на минералната густина на коските, што доведува до нивна кршливост; болка во коските и мускулна слабост; кај децата предизвикува рахитис – слаби и меки коски подложни на деформации и искривувања. Овие искривувања на нозете се обично во форма на буквите О или Х.

 

—Недоволниот внес на витамин А кај бебињата може да им го ослаби видот во мрак, што е состојба која ако остане нетретирана со тек на време може да предизвика слепило.

—Истражувањата покажуваат дека на новороденчињата на кои веднаш по раѓањето им се дава витамин А имаат значително помала стапка на смртност во споредба со бебињата кои не добиле витамин А. —Научниците сметаат дека ова е поради тоа што витаминот А ги ублажува потенцијално смртоносните инфекции кај доенчињата. —Витаминот А го зајакнува имунитетот на бебињата и ја одржува нивната кожа здрава.

Слични написи

Домашните миленици имаат благотворно влијание на луѓето

Biba

Како да бидете сити со помалку јадење

Biba

Долгото седење го зголемува ризикот за добивање рак

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.