Наука

Брод од Aнтичка Грција пронајден на дното на Црното Море

Тоа што е откриено на дното на Црното Море се смета дека се остатоци од најстариот потонат брод. Станува збор зa 23 метарски трговски брод кој датира од Античка Грција со име Одисеј. Се претпоставува дека е на дното на Црното Море уште од пред 2400 години.

Откриен е на локацијата која ја нарекуваат “Гробишта на бродови”, каде што се откриени уште 60 потонати пловила.

Одисеј е брод кој е историски многу познат, а до сега сме можеле да го видиме само на артефактот “Вазната Сирена” кој се наоѓа во Британскиот музеј.

Остатоците од бродот се снимени со подморница на длабочина од нешто над 2 км, каде што заради недостаток од кислород останал зачуван толку време. Со откривањето на Одисеј, ќе може директно да се добие увид на начинот на градба на бродови во тој период.

Пред да го откријат Одисеј, пронајдени се остатоци од антички брод кои датираат од пред 3000 години, и со тоа научниците успеале да добијат информации за далечината до која бродовите од тоа време можеле да ја достигнат.

Се претпоставува дека Одисеј потонал заради невреме. Бродот можел да прими 25 морнари, но околу бродот не се лоцирани остатоци од скелети што упатува на тоа дека поради староста коските се веќе разложени во околниот седимент. Бродот најверојатно ќе остане на дното, од причина што извлекувањето на толку стар брод е мисија што е многу ризична и скапа.

На истата локација се пронајдени бродови и од Римскиот, Византискиот и од Османлискиот период.

Во проектот Black Sea Maritime Archaeology учествува интернационален тим на археолози предводени од истражувачи од Универзитетот во Саутемптон.

Слични написи

Откриен е брод за кој се мислело дека не постои

admin

Сонцето поминува низ циклуси, а во моментов е во фазата на голем соларен минимум

Biba

На кои начини комуницирале диносаурусите?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.