Вести

Бесплатна услуга за видеоконференција за сите

А1 Македонија ги продолжува активностите како поддршка за сите свои корисници со цел поедноставно секојдневие во новонастанатата состојба предизвикана од COVID -19 вирусот.

Од денеска, А1 во соработка со „eyeson“ бесплатно ја овозможува услугата видеоконференција, која е одлично решение за реализација на состаноци, без физичко присуство на иста локација. Станува збор за професионално решение преку кое може да бидат поврзани до 100 видеоучесници, хостирано на платформата на А1.

Со услугата видеоконференција може да се реализираат квалитетни видеоповици, со совршено јасна слика, едноставно и брзо, без инсталирање апликации, а е достапна преку лаптоп, компјутер или смартфон и обезбедува комплетна сигурност.

Услугата видеоконференција е достапна бесплатно за користење до 30.06.2020, притоа не е потребно да внесувате податоци од платежна картичка.

Две недели пред истекот на бесплатниот период ќе добиете известување како и информација за условите под кои услугата ќе биде достапна за користење понатаму.

 

Слични написи

Почнува новата сезона на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

admin

Во Зоолошката градина – Скопје се градат живеалишта за фламинга и за пингвини

Biba

Заживеа првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца во социјален ризик

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.