Забава

Бел кит во реката Темза

Бел кит познат како белуга или арктички кит, залутал во реката Темза. Голем број граѓани на Лондон доаѓаат до брегот на Темза да го видат, но и да го бодрат да си го најде патот назад на отворено море.

Експертите ги предупредуваат граѓаните да не му се приближуваат многу, туку само да набљудуваат од брегот.

Се стравува дека шансите китот да преживее се многу мали, заради тоа што во неговата исхрана влегуваат медузи и планктони, нешто што во Темза има многу малку. Исто така, Темза е преполна и со пластични кеси, што претставува дополнителна опасност за белугата.

Пред 12 година имаше слична ситуација кога беше насукан пет метри долгиот северен кит, кој набрзо и умре. Сите се надеваат дека нема да се повтори истата ситуација и дека китот ќе успее да се извлече од Темза.

Слични написи

Жителите на Цирих уживаат во најквалитетен живот на светот

Biba

Најдобриот лек против мамурлак

admin

Принцот Вилијам и Кејт – како обично скромно семејство во новиот божиќен портрет

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.