Спорт

Без Роналдо Реал игра поопуштено и како тим

“Реал без Роналдо? Поопуштено е, сега сите играме како тим, а не само за еден играч” изјави Герет Бејл, а со тоа потврди дека животот во “кралскиот тим” е подобар откако си отиде Португалецот.

Кристијано Роналдо направи сензационален трансфер ова лето, со преодот од Реал Мадрид во Јувентус, а од тој потег најмногу профитираше Герет Бејл.

Сјајниот Велшанец цело време беше во сенка на Роналдо, но со трансферот Бејл излезе на прво место. Оваа сезона Бејл во пет одигрании натпревари постигна три гола, направи три асистенции за соиграчите и така се промовираше во првата ѕвезда на “кралскиот клуб”.

Веќе пред крајот на минатата сезона покажа дека е играч за големи работи кога во финалето на Лигата на шампиони против Ливерпул, влезе во 61 минута, при резултат 1:1, а потоа со своите два гола му донесе на Реал трета победа во серија.

Со тие два гола Велшанецот стана прв играч во историјата кој во финалето на Лигата на шампионите влегол како замена и постигнал два гола, но тој факт не го теши многу.

“Искрено бев многу лут што не играв од самиот почеток, бидејќи заслужив. Во тоа време бев во перфектна форма (четири гола во три претходни натпревари), и лутењето е тешко да се елиминира, тоа ме подготвува за голови” изјави Бејл.

Брзоногиот Велшанец проговори и за животот во Реал без Роналдо, и може да се заклучи дека во Реал повеќе се ужива, и е порелаксирано откако си замина Португалецот.

Слични написи

Роналдињо остана без пасош

admin

Веселин Вујовиќ и неговиот револуционерен план за спас на ракометот

Biba

Red Bull Air Race по дванаесетти пат почнува од Абу Даби

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.