Автомобилизам

Ауди го претстави својот градски електричен автомобил, AI:ME

 

I.D. Roomzz не е единствениот електричен автомобил од концернот VAG на Саемот на автомобили во Шангај. Audi се приклучи со свој концепт на градски електричен автомобил со назив AI:ME.

Концептот го прикажува футуристичкиот изглед на моделот А2.

Овој концепт може да се смета за луксузна верзија на моделите I.D. или el-Born на Wolksvagen и Seat и ја користи истата MEB технологија за комплетно електрични возила.

Го придвижува електричен мотор поставен на задните тркала кој испорачува 160 коњски сили, а од Audi велат дека е доволен само дел од силата за возење во градски услови.

Од Audi изјавуваат дека AI:ME е развиен за урбана околина и дека продукциската верзија ќе се движи со брзина од 20-70 km/h на кратки растојанија. Наведено е дека батеријата со моќност од 65 kw/h е идеална за овој модел, но автономијата со таа батерија не е наведена.

Како што може да се очекува од концепт, дизајнот на автомобилот е футуристички.

 

 

 

Слични написи

AUDI A6 доби Black Edition верзии

Biba

Хрватскиот Римац го тестира својот прототип на патеката Нардо

Biba

Светска премиера на новиот, електричен Porsche Taycan

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.