Забава

Актуелниот првак во Формула 1 го купи својот втор пентхаус на Менхетен

Возачот на Мерцедес и актуелен првак во Формула 1 Луис Хамилтон, го купи својот втор пентхаус на Менхетен.

Триесет и четиригодишниот Хамилтон својата листа на недвижности ја збогати со посед од 36 милиони долари.

Се наоѓа во комплекс кој е познат меѓу славните и богати личности и на само еден блок подалеку од претходниот пентхаус што го купи во 2017 година.

Новиот пентхаус на Хамилтон има четири спални соби и поглед на реката Хадсон. Дел од станот има библиотека, а во моментите кога не му се чита може да се релаксира во базен.

Хамилтон е на листата на најтрофејни возачи во Формула 1 на сите времиња. Има 5 титули, колку и Фанѓо, а пред него е само Михаел Шумахер со 7 титули.

Слични написи

Што е “Masturdating” и како се практикува

admin

Мажите со поголем стомак се подобри љубовници

dart

Прогласен најдобриот тематски парк на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.