Забава

Авторката на бестселерот “Fifty Shades of Gray” го најави својот нов роман

Е. Л. Џејмс, авторката на светскиот бестселер “Fifty Shades of Gray”, открива дека работи на својата нова книга со работен наслов “The Mister”, која, како што вели, ќе биде приказна за Пепелашка од дваесет и првиот век.

Во тој нов роман главни ликови се младиот Англичанец, привилегираниот аристократ Максим Тревелиан и прекрасната, талентирана и мистериозна Алесија Демачи со опасно и проблематично минато. Приказната се одвива помеѓу Лондон, Корнвол и Источна Европа.

Ова ќе биде нејзино прво дело по објавувањето на трилогијата “Fifty Shades”, која е продадена во повеќе од 150 милиони примероци. Да потсетиме дека според првата книга од трилогијата е снимен блокбастерот “Fifty Shades of Gray”, во кој улогите ги толкуваат Дакота Џонсон и Џејми Дорнан.

Првата книга од трилогијата со наслов “Fifty Shades of Gray” прв пат беше објавена во 2012 година.

“Многу сум возбудена што ќе претставам нова романса на светот. Максим и Алесија ме одведоа на фасцинантно патување и се надевам дека моите читатели ќе ги освои нивната сензуална и возбудлива приказна, иско како што ме освои мене додека ја пишував”, рече Е. Л. Џејмс.

Романот “The Mister” ќе се појави во книжарниците ширум светот на 16 април.

Слични написи

Најлесниот начин да го исчистите мијалникот со две состојки

dart

Најчудниот вулкан на светот

dart

Поврзаност на играта Fortnite со разводите

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.