Сцена

Џејсон Момоа покажа како се опоравува после тренинг

Џејсон Момоа ги изненади фановите на Инстаграм појавувајќи се во замрзнувач полн со вода и мраз, а се работи за третман со мраз наречен криотерапија, кој се користи за опоравување по тренинг.
Актерот на филмот „Аквамен“ се подложил на криотерапија, која спортистите вообичаено ја користат за ублажување на болките.

Иако има посебни комори за криотерапија, Момоа успеа да го искористи големиот замрзнувач за гореспоменатиот третман и закрепнување по тренингот.

Еден  пријател на актерот од Инстаграм откри дека седел шест минути во замрзнувачот. „Ова е четврти ден од тренинзите“, изјави ѕвездата на „Аквамен“.

Криотерапијата е примена на студ (мраз) во физикалната медицина и рехабилитација.

Студот делува на крвните садови со тоа што ги стеснува, по што тие нагло се шират со силен наплив на крв. На овој начин се постигнува подобро снабдување со крв во регионот што се лекува, што резултира со намалување на воспалението и болката.

Слични написи

Масивна трансформација на Брендан Фрејзер за новата улога

dart

Ќе се снима нов серијал „Ѕвездени патеки“

admin

Осум работи што најверојатно не сте ги знаеле за Рами Малек

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.