Сцена

Џенифер Лопез и раперката Карди Би ќе снимаат филм за стриптизети

 

Џенифер Лопез повторно ќе заплови во актерските води. Заедно со раперката Карди Би ќе снимаат филм за стриптизети.

Дејствието на филмот се случува во Њујорк и следи група на бивши стриптизети кои сакаат да си ја пробаат среќата на Волстрит. Интересно е да се додаде дека Карди Би пред да стане пејачка вистински работела како стриптизета.

“Луѓето често ме прашуваат зошто сум ја работела таа работа. Не знам како да им објаснам дека тогаш ми требаа пари за да излезам од токсична врска”, изјави пејачката во едно од интервјуата.

Џенифер и Карди се добри пријателки и во приватниот живот. Џенифер вели дека Карди ја потсетува на девојките со кои пораснала. Истакна дека одлично се разбираат и дека многу ја цени.

 

Слични написи

Адел го напушти интервјуто откако новинарот рече дека не го слушал нејзиниот нов албум

dart

Ѕвездата од филмот 50 Нијанси на сиво – активист на социјалните мрежи

admin

Кејт Бланшет ги воодушеви фановите со својата трансформација

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.