Сцена

Џенифер Лопез е прогласена за модна икона за 2019 година

 

Џенифер Лопез секогаш знаела како да направи да останете без здив кога се појавува. Благодарение на нејзините беспрекорни модни комбинации, ќе биде почестена со CFDA наградата за модна икона за 2019 година.

Советот на американски модни дизајнери (CFDA) ја сподели оваа информација на својот Инстаграм профил и додадоа дека наградата на Џенифер Лопез ќе ѝ биде врачена во јуни оваа година.

Со ова, познатата актерка и пејачка ќе застане рамо до рамо со Наоми Кемпбел, Ријана, Бијонсе, кои порано ја добија престижната CFDA награда.

“Џенифер Лопез ја користи облеката како начин на изразување на самодоверба и сила. И дизајнерите и фановите се радуваат на нејзините модни комбинации”, изјави директорката на CFDA, Дајен фон Фурстенберг.

Од незаборавното појавување во зелен Версаче фустан во 2001 година на доделувањето на Греми наградите, Џенифер Лопез не престана да воодушевува со своите модни комбинации. Таа соработуваше со многу модни креатори како Том Форд, Балмејн и многу други кои се потпишуваат на креациите што ги носи на појавувањата на црвениот тепих.

Доделувањето на овогодишната награда ќе биде на 3 јуни во музејот Бруклин.

Дизајнери кои се номиниран за престижната награда се Брендон Максвел, Марк Џејкобс, Роузи Осулин, Кејт и Лара Малеви, Вирџил Абло и Керби Жан-Рејмонд.

 

Слични написи

Џенифер Лопез со заработка од 100 милиони долари

admin

Шекил О’Нил ја продава вилата за 22 милиони долари

Biba

Разводот на Адел тежи 140 милиони фунти

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.