Select Page

Ќе се редефинира дефиницијата за мерката за маса – килограм

Ќе се редефинира дефиницијата за мерката за маса – килограм

Основната мерка за маса – килограм, е дефинирана во 1889 година со сјајно парче платина и иридиум кое се чува во Париз. Сите современи мерки и единици се изведени директно од него.

Металниот цилиндер што ја означува единицата мерка долги години се чува во сеф во Париз.

Научниците решија дека дошло време референтната единицата мерка за маса да се редефинира и подобри. На истиот принцип како што во 1967 година беше редефинирана единицата за време – секунда, и со тоа се доби подобрување во комуникациите во светот со технологиите како GPS и интернет. Редефинирањето и подобрувањето на дефиницијата за килограм ќе донесе подобрување за технологијата, здравството и трговијата.

Проблемот и потребата за редефинирање на единицата мерка за маса се состои во тоа што таа не е секогаш еднаква. Варира во зависност од наталожениот прав на цилиндарот, кој иако е заштитен со три стаклени цилиндри не може да биде максимално чист.

Поради тоа, научниците дошле до заклучок дека е потребно постабилно решение, воведување на електронски килограм.

Единицата килограм ќе биде дефинирана по пат на малечката, но непроменлива константа наречена Планкова константа. Новата дефиниција е добиена со помош на механизам наречен Киблов механизам, кој со помош на константата ја одредува масата на некој предмет користејќи прецизно измерена електромагнетна сила.

Оваа техника овозможува директно мерење на масата до кој степен сакаме, што претставува огромен чекор.

Развојот на новата дефиниција траеше повеќе години.

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.