Ќе биде ли Нејмар ослободен од обвинението за силување во Бразил?

 

Светот на фудбалот често е е сцена на разни обвиненија за финансиски затајувања, силувања, насилства. Понекогаш се докажани, понекогаш не.

Деновиве на сцената со скандали се појави и Бразилецот Нејмар. Тој во Бразил е тужен за силување на манекенката Најила Триндаде. Таа во својата изјава вели дека во мај оваа година Нејмар ја нападнал во хотел во Париз.

 

Реакцијата на бразилскиот фудбалер е дека се работи за класична уцена и дека нема вистина во нејзиното обвинување.

Со оглед на тоа дека истрагата е прекината поради недостиг на докази, останува на обвинителството во Сао Паоло да реши како ќе постапи по тужбата. Тие имаат 15 дена да донесат решение по ова прашање.

 

 

Don`t copy text!