Љубов и секс

Љубов или страст

Дали е љубов или страст? Дали се сакате или се работи само за физичка привлечност, која трае и трае. Може ли занесот да трае толку долго? Понекогаш не треба да слушате што некој ви кажува однадвор – како изгледате како пар, без разлика дали таа ве гледа вас или вие ја гледате неа. Смешни и стресни се прашањата како кој во кого е повеќе заљубен. Препуштете се на она што ве радува. Не размислувајте премногу за тоа (бидејќи другата страна сигурно не размислува толку многу), времето ќе ви покаже што чувствувате.

Не можете да сакате некого по само неколку дена откако ќе го запознаете. Може да се случи некој од вас да ги каже тие два збора во одреден момент кога мислите дека навистина го чувствувате тоа, а потоа, по неколку дена, врската да се распадне.

Не се контролирајте. Кажете го тоа што го мислите, чувствувате, покажете го и не чекајте прво другата страна да ви го покаже или докаже. Сè треба да правиме онака како што чувствуваме, не поради некоја рамнотежа од типот „тој ми го кажа ова, а јас ќе му го кажам ова“, или „вчера ми покажа дека ме сака со тоа што го направи ова или она, а јас ќе почекам малку со реакцијата…“.

Не се воздржувајте и правете како што сакате. Затоа љубовта е неодредена, изненадувачка, необична и не треба да се контролира. Кога таа е присутна можете да правите секакви работи кои инаку никогаш не би ги направиле, а сè што правите ќе биде слатко. Љубовта е добар изговор за разни активности, од скокање во фонтани, носење букет балони низ градот или торта во облик на срце, до пеење на улица. Љубовта, а не нешто друго, ни дава крилја.

Можеби ќе ве интересира

Десет работи кои жените и мажите не ги простуваат во кревет

Biba

Наскоро секс без опасност од забременување

Biba

Фантазирате ли за еротска масажа?

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.