Технологија

Јужнокорејските фабрики брзо ги менуваат работниците со роботи

Во јануари во Јужна Кореја беше усвоен закон со кој им се дозволува на судовите да ги казнуваат директорите или високите менаџери на компании доколку работниците бидат повредени или убиени на работа.

Новиот закон кој предвидува и затворски казни ги принуди јужнокорејските компании да инвестираат во роботи и да ги заменат луѓето со нив.

„Низ нашата историја, секогаш наоѓавме начини да одиме напред. Автоматизацијата е следниот чекор во тој процес“, рече Ким Јонг Рае, извршна директорка на Speefox.

„Законот е огромен проблем во бизнисот. За наша среќа, веќе сме во процес на автоматизација, па бевме подготвени кога дојде новиот закон“, рече Ким Хјо Џин, директорка во компанијата и ќерка на Јонг Рае.

Компаниите поради новиот закон бараат начин да имаат што помалку работници или воопшто да немаат.

„Компаниите се движат кон намалување на човечките работници и постои неподготвеност да влезат во проекти со висок ризик“, рече професорот Јунг Џин-Ву од Националниот универзитет за наука и технологија во Сеул.

Законот првично беше промовиран како голем чекор во борбата за правата на работниците, но компаниите, главно производители и градежни компании, не се согласуваат, тврдејќи дека префрлањето на одговорноста на лидерите е неправедно и нејасно.

Познато е дека јужнокорејските фабрики немаат висок степен на безбедност, што е сосема неразбирливо бидејќи се работи за технолошки напредна земја.

Можеби ќе ве интересира

Ќе се укинe ли зимското и летното сметање на времето

admin

Новиот сензор од 48 мегапиксели на Сони

admin

Во Египет откриена нова комплетно зачувана пирамида

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.