Здравје

Јогуртот помага во намалувањето на килограмите

 

Ако се прашувате како со мали промени во исхраната да го подобрите вашето здравје и притоа да ги намалите килограмите, одговорот лежи во јогуртот. Се разбира, тоа не значи дека само со пиење јогурт ќе добиете витка линија – во ништо не треба да се претерува, но може многу да помогне.

Јогуртот содржи пробиотички микроорганизми и спаѓа во една од најкорисните намирници ако сте на диета. Бактериите од млечниот квасец помагаат во одржувањето на здрава дигестија. За време на слабеењето често може да дојде до запек и тука најмногу помага јогуртот со своите пробиотски култури, витамините и минералите. Од минералите најбогат е со калциум, чија апсорпција ги намалува количините на маснотии во телото.

Јогуртот може да биде и одлична замена за нешто благо. Ако имате неиздржлива желба да земете чоколадо или нешто што содржи шеќер, наместо тоа изедете еден здрав и вкусен овошен јогурт. Притоа, задолжително читајте ги декларациите на производите, затоа што може да се случи да купите јогурт кој има малку калории, но преголема количина на други штетни материи.

Овошните јогурти честопати содржат и многу шеќери, не само од овошјето туку и вештачки додадени. За жал, на амбалажите не пишува колку од шеќерот во јогуртот е овошен, а колку оној помалку здрав, додаден.

Освен податоците за енергетската вредност на овошниот јогурт, обрнете внимание и на уделот на самото овошје. И овде постојат големи разлики – некои јогурти содржат и до 40 % овошје, а други само 8 %. Со поголем удел на овошје ќе добиете и повеќе растителни влакна, кои се многу важни ако држите диета.

Замка може да претставува и големото пакување кое може со себе да носи и повеќе калории. Затоа, најдборо е овошниот јогурт да си го направите дома сами: во најобичен бел јогурт само додајте свежо овошје по сопствена желба и вкус.

 

Слични написи

Киви – тајните на суперовошјето

admin

Суперхрана за здрави коски

Biba

Престојување пред телевизор повеќе од 4 часа е штетно за срцето и крвните садови

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.