Јирген Клоп казнет со 45.000 фунти

 

Коментарот што Јирген Клоп го даде по завршувањето на натпреварот од Премиер лигата против Вест Хем, го чинеше “само” 45.000 фунти.

Германецот ги упати критиките кон судијата Кевин Френд, изјавувајќи:

“Слушнав дека голот бил постигнат од офсајд и сигурен сум дека судијата го знаеше тоа.”

Високата парична казна претставниците на фудбалската асоцијација ја правдаат со објаснување дека Клоп го нарушил интегритетот на судијата и имплицирал пристрасност.

Копирањето на содржината е забрането!