Здравје

Јајцата не се толку здрави во комбинација со одредени продукти

Јајцата содржат многу хранливи материи. Тие обезбедуваат бројни здравствени придобивки, бидејќи се добар извор на протеини и можат да помогнат да се намали воспалението, да се подобри здравјето на коските и да се придонесе за здравјето на мозокот.

Тие се јадат за појадок, по тренинг или како ужина, а можат да се подготват на многу начини – варени, пржени, изматени…  

Сепак, треба да внимавате со што ги јадете. Само затоа што се здрави, не значи дека можете да ги комбинирате со нездрави состојки.

„Поради висококвалитетните протеини и витамините Б кои ги содржат, нема сомнение дека јајцата можат да бидат дел од здрава и урамнотежена исхрана. Но, кога се јадат со храна богата со масти, натриум и други нездрави состојки, сè оди низ одводот“, вели диететичарката Лорен Манакер.

Јајцата често се јадат со колбаси и пржени компири. Таквата храна е полна со заситени масти и сол.

„Кога ќе одлучите да јадете јајца, задолжително јадете ги со друга хранлива храна како авокадо, леб од цели зрна и зеленчук“, предупредува Манакер.

Можеби ќе ве интересира

Бременоста и високите потпетици се лоша комбинација

Biba

Што е млечна маст и што значат процентите масленост на пакувањето на млекото?

Biba

Напиток за слабеење кој се подготвува за две минути

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.