Потребни состојки:
300 г мелени бисквити
1-2 лажици какао
150 мл цеден сок од портокал
2 лажици мармалад од портокал или кајсии
1 ванилин шеќер
50 г чоколадо за готвење (по желба може и повеќе)
1 лажица мед
изрендана кора од портокал
Начин на подготовка:
- Мелените бисквити измешајте ги со какаото, па прелејте ги со сокот од портокал и измешајте.
- Додајте го медот, мармаладот, стопеното чоколадо и ванилиниот шеќер. Повторно измешајте да се соединат сите состојки, па додајте ја изрендата кора од портокал. Убаво измешајте ја целата смеса и ставете ја 30 минути во фрижидер, а потоа обликувајте ги бомбиците или други форми по желба.
- Може и да ја ставите смесата во калап, па да ја сечете на парчиња. Ако ви се чини дека е многу мека, додајте уште малку мелени бисквити. По вкус, може да ставите и шеќер, ако сакате десертот да биде поблаг.
На здравје!