Јапонците отсекогаш биле предводници со нивните несекојдневни идеи и дизајни.
Џиновскиот ранец е произведен во компанијата CWF, а го продава Plywood. Специфичното за него е тоа што е има големина како човек, а називот му е Backpacker’s Closet.
Според мислењето на производителот, ранецот е идеален за кампување, бидејќи во него може да носите буквално сè што ви е потребно за кампување од облека, прибор, до храна и други работи.
Ранецот Backpacker’s Closet чини 250 долари, моментално е достапен само за онлајн купување, но се очекува наскоро да се најде и во продавниците ширум светот.