Животот во земја која е многу сеизмички активна, како што е случајот со Јапонија, окупира голем од дел од мислите на Јапонците и јапонските инженери како да се заштитат во случај на земјотрес.
Еден од многуте изуми за заштита од земјотреси е и новото технолошко достигнување, куќа која во случај на земјотрес се подига и лебди.
Иноваторот Шоичи Сакамото од јапонската компанија “Ер Даншин системс”, по големиот земјотрес во 2011 година почнал сериозно да се занимава со дизајн на куќа што лебди.
Системот или куќата што лебди функционира на тој принцип што и на најмал регистриран потрес од сензорите, во рок од 0,5-1 секунда активира специјални комори кои се полнат со воздух и ја поткреваат куќата од основата за 3 см. Кога сензорите ќе детектираат дека потресот се смирил, куќата полека поради издувувањето на специјалните комори се спушта во првобитната позиција.
Системот е снабден и со резервни батерии, за да се осигура дека ќе остане функционален и во случај да снема струја.
До денес во Јапонија се изградени дури 100 вакви објекти.