Спорт

Ѓоковиќ на турнирот во Мајами елиминиран од Шпанецот Роберто Баутиста Агут

 

На АТП турнирот во Мајами, Ѓоковиќ нема да се бори за својата седма титула. Тој во осминафиналето загуби од шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут.

Шпанецот победи со резултат 1:6. 7:5 и 6:3.

Агут во четвртфиналето ќе игра против минатогодишниот победник на овој турнир, Американецот Џон Иснер, кој го елиминираше Британецот Кајл Едмунд со резултат 7:6(5)  7:6(3).

Настап во четвртфиналето обезбедија Канаѓаните Феликс Аугер-Аласим и Денис Шаповалов, Хрватот Борна Чориќ, Јужноафриканецот Кевин Андерсон, и Американецот Френсис Тифо.

 

Слични написи

Шесте предизвици на Лионел Меси

Biba

Барселона без Дембеле против Ливерпул

Biba

УЕФА реши да го воведе VAR системот и во Лига на шампиони

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.