Автомобилизам Избор на уредникот

Што ќе се случи ако по грешка ставите погрешно гориво во вашиот автомобил?

Можеби долго време сте имале автомобил на дизел, па затоа ставивте дизел во вашиот нов автомобил кој вози на бензин.

Можеби ви се случило работникот на бензинска пумпа да ви ставил погрешното гориво, затоа што тој донел погрешен заклучок од звукот на моторот. Од некоја причина не сте се концентрирале и сте го земале погрешниот пиштол за точење гориво. Сценаријата се многу, но никогаш не велете никогаш кога станува збор за овој проблем.

Откако ќе го проколнете целиот универзум и вашата лоша среќа, знајте дека не е сè изгубено и овој проблем може да се санира. Всушност, колку побрзо ќе сфатите дека сте направиле замена, толку грешката ќе создаде помалку проблеми.

Што се случува кога ќе ставите бензин во дизел-моторот?

Во моторот кој работи со дизел-гориво, дизелот не само што е гориво, туку делува и како навлажнувачко масло што им овозможува на пумпата за гориво и другите компоненти на моторот да работат беспрекорно, непречено. Но, кога дизелот се додава на бензинот, тој има сосема различен ефект. Бензинот во таква мешавина делува како растворувач и влијае на формирање на фракции во рамките на горивата. Сето ова влијае на пумпата за гориво и цевките поврзани со неа. Овој вид на мешавина во резервоарот може да резултира со сериозен дефект на моторот. Всушност, постои многу поголема опасност од истурање на дизел во бензински мотор отколку обратно.

Што се случува кога ќе ставите дизел во бензински мотор?

Ова е многу помал проблем отколку кога е обратниот. Поточно, дизелот мора да се компресира пред да се запали воопшто, па најверојатното сценарио е дека ако истурите бензин во дизел автомобил, нема да можете воопшто да го стартувате моторот.

Што да направите кога ќе се појави конфузија?

За почеток – најдобро е воопшто да не го стартувате моторот, да не давате дури ни контакт.

Најдобро е:

  • Да го ставите менувачот во лер
  • Да побарате некого да ви помогне да го турнете вашето возило на безбедно место, каде што нема никому да пречи
  • Да повикате шлеп-служба што е можно поскоро. Тие ќе ви помогнат да го однесете возилото кај првиот механичар. Во сервисот за поправка на автомобили ќе го исцедат горивото од резервоарот, ќе го исплакнат резервоарот и ќе го наполнат со исправно гориво.

Можеби ќе ве интересира

Дел од божиќната понуда со ознака AMG – балансирачки велосипед

Biba

Како гумите на автомобилот да ви траат подолго

Biba

Jaguar F-type Rally Concept

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.