Здравје

Што се случува кога комбинираме кафе со алкохол

Според најновите истражувања спроведени во САД, комбинацијата која многу често се користи, кафе и алкохол, е повеќе штетна отколку корисна.

Кафето многу често го користиме за кревање на притисокот, будење или отрезнување.

Кофеинот е стимуланс кој го буди човечкиот организам, и прави да е посвесен за околината околу него, додека алкохолот го потпомага лачењето на допамин, хормон кој го зголемува расположението. Но алкохолот исто така го стимулира и произведувањето на хемикалијата GABA која делува како седатив, причина поради која луѓето што се под дејство на алкохол се чувствуваат уморно и често паѓаат. Значи кафето и алкохолот имаат спротивно дејство на човечкиот организам.

Кафето ќе ви помогне да се чувствувате помалку поспани кога сте под дејство на алкохол, но во никој случај нема да го истера алкохолот од вашиот организам.

Кофеинот овозможува кога сте под дејство на алкохол да останете подолго будни, а со самото тоа ви овозможува и подолго да пиете и со тоа го зголемувате количеството на алкохол во вашиот организам.

Експертите се со едногласен став дека најдобро да се отрезните е да оставите алкохолот сам да исчезне од вашето тело. Времето на трезнење е индивидуално за секој човек. Научниците велат дека за да се отрезните од еден алкохолен пијалок потребен е еден час, а за пет алкохолни пијалоци дури пет часа.

Затоа, бидете внимателни со алкохолот.

Слични написи

Како да го спречите напрегањето на очите

admin

Дехидратацијата предизвикува малаксаност и запек, а може да биде и опасна по живот

Biba

Електронските уреди предизвикуваат несоница

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.