Универзитетот во Индијана спровел истражување токму на таа тема – дали мажите генерално се за див секс или полека се менуваат стереотипите, и уживаат во нежно и романтично водење љубов.
Во истражувањето се вклучени 2000 мажи и жени. Жените во анкетата изјавуваат дека веруваат во тоа дека мажите преферираат див секс, наспроти романтичниот и нежниот. Следи изненадувањето. Мажите во своите изјави навеле дека тие сакаат нежен, романтичен, исполнет со бакнување и галење секс.
“Спротивно на стереотипите во кои веруваме, дури и мажите тежнеат кон нежно и романтично водење љубов со партнерката. Тоа вклучува галење, почесто бакнување за време на сексот, шепотење, покажување внимание”, изјави Деби Хербеник, под чие водство е спроведено истражувањето.
Таа им сугерира на партнерите повеќе да разговараат, отворено да ги кажуваат желбите и потребите, да зборуваат за своите сексуални потреби, да откријат нови начини за продлабочување на романтиката. Тоа неминовно ќе доведе до поквалитетна врска, а со тоа и до поквалитетен сексуален живот.