Откако по две ипол години поминати на тренерската позиција во Манчестер Јунајтед доби отказ, почнаа прашањата каде е и што прави Мурињо.
Во саботата во друштво на својот син и двајца пријатели тој е виден на трибините на стадионот на Сетубал како го следи натпреварот од португалското првенство помеѓу Сетубал и Санта Клара.
Мурињо има посебна врска со Сетубал. Освен што е неговото родно место, тој во Сетубал ја започнал и својата тренерска кариера во периодот 1989-1990 година, како тренер на една од младинските селекции.