Технологија

Што му предвидува Бил Гејтс на човештвото за следните 10 години

 

Според предвидувањата на Бил Гејтс, ни претстои технолошка револуција во која компјутери ќе бидат контролирани гласовно, насекаде ќе има екрани и со сигурност ќе има роботи. Иако овие не се најголемите достигнувања, сепак ќе имаат најголемо влијание на секојдневниот живот.

Што се однесува до работните позиции што ќе бидат атрактивни, Гејтс вели дека актуелни би биле истражувањето на чиста енергија, биотехнологија и развој на вештачка интелигенција.

Според него, мобилното банкарство до 2030 година би можело во потполност да го замени класичното и оваа промена најмногу ќе се истакне во посиромашните земји.

Предвидувањата на Бил Гејтс понатаму велат дека до 2035 година сиромашните земји ќе напреднат технолошки. За сето ова ќе придонесат квалитетните вакцини, подобрените семенски материјали и се разбира дигиталната револуција.

Иако за ова некако не сме или не сакаме да сме сигурни, Бил Гејтс вели дека заради роботизацијата милиони работни места би можеле да се укинат. Според него, единствената мерка која може да го спречи или успори овој процес е големо оданочување за користење на роботи и автоматизирани процеси.

 

Слични написи

Скафандерите на НАСА се преголеми за женскиот тандем што требаше да оди на вселенска прошетка

Biba

Промени на Фејсбук

admin

Google ги најави новите таблети и лаптопи од серијата Pixel

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.